Уште една голема, ако не и огромна, новост за интернет светот се случи вчера.
Facebook, сервисот кој што сите го користиме а сепак го мразиме од дното на душата1 го откупи еден од можеби најнезагадените2 и најинтересните агрегатори на новости од сите ваши лични социјални и уште какви други мрежи.
Иако ова се одлични новости за тимот од 12 лица (4 од нив порано вработени во гигантот Google) кој што е задолжен за работењето на FF3 , не знам кој корисник би погледнал на овој чекор како добар за самото постење на FF во иднината, бидејќи како што и стои во официјалната изјава за печатот дека сеуште не ги знаат идните долгорочни планови за продуктот, а тоа кажан без користење на ѓаволовиот речник значи дека постепено со текот на времето FF заедно со сите негови иновации ќе биде проголтан од Facebook.
FriendFeed.com will continue to operate normally for the time being as the teams determine the longer term plans for the product.
Се разбира, овој чекор е на место доколку ја погледнете моменталната ситуација со Twitter, лесно ќе сфатите дека Zuckerberg сака да го надвладее Twitter на пазарот, каде што ситуацијата не е баш и најповолна за Facebook, нешто што верувам повеќето од нас го имаат согледано.
FB веќе почна со воведување на „нови“ работи откако го превзеде сервисот; првата „новина“ е тоа што сега ќе може да се пребарува „во реално време“. Најважното во ова пребарување во реално време е нештото што Twitter го прави тоа што е, а тоа е пребарување по ажурираните статуси од сите членови кои што се испратени до „Сите“ т.е. “Everyone“.
Сѐ ќе биде баш како што пишуваат од TC:
[...] The gloves are off — Facebook is going after Twitter where it hurts. [...]
Останува на корисниците да ја погледнат ситуацијата и да размислат дали тоа претставува добар потег за нив или не. Јас лично не сум нај-воодушевен од ова, за жал…
- Ако зборувам само за себе, кажете ми го тоа во коментарите :) [↩]
- Никакви реклами ниту спамирање по email (за разлика од блатантното спамирање на Facebook кое започнува веднаш откако ќе се претплатиш на сервисот, па мора рачно да се исклучува), одлична услуга и прекрасен дизајн [↩]
- И повеќе од одлични, според Mashable, тој бил продаден за околу 50 милиони долари! [↩]





yRoom





