Зошто DRM технологијата е срање

DRM технологија на делоПред некој ден бар нешто за школски натпревари, ова-она, од досада и гледам на Google во резултати ми излегува PDF фајл за некој натпревар за безбедност, бла бла бла… И сега го сметнувам, кликам два пати на него и ми се отвора во Adobe Reader и се чудам кога последно сум отвори таков фајл и кога сум ја снимил таа програма. Туку на огромна зачуденост гледам од лево огромен катанец, кликам на него и гледам дека човекот што го креирал фајлот и го оставил за слободна употреба на интернет забранува секакво копирање (се разбира никој не може да ти забрани да го препишеш) или негово печатење. Значи по сè изгледа дека е креиран со комерцијалниот Adobe Acrobat кој што е креиран од истата компанија како што можете да видите.Копирање текст во Evince
Веднаш потоа пробав да го отворам со Evince, основниот менаџер за PDF во Gnome и едноставно знаев дека ќе можам да направам сè што сакам, што вклучува и копирање и печатење на документот како што можете да видите на сликите. Мислам дека ќе се согласите со мене кога велам дека отворањето со Evince испаднало подобро.

Значи? Дали би користеле софтвер кој што ве огПечатење во Evinceраничува во вашите можности или некој што не го прави тоа? Дали би користеле софтвер кој што може секако да му наштети на вашиот систем без ваше знаење со DRM технологии? Дали небото е виолетово за време на денот? Ако на сите прашања одговоривте со не вие сте многу паметна личност :)

Коментари (3)

  1. Новица напиша::

    http://novica.softver.org.mk/node/210

    Одговори

    Monday, November 10, 2008 во 4:43 pm #
  2. Act1v8 напиша::

    Иронично е… :)

    Дали има Евинс за Виндоус? Најверојатно не. Незнам воопшто дали има некој слободен софтвер читач на пдф (највише зашто поплер не работи таму, ама незнам) што работи во ХиксПе и сл чудовишта.

    Одговори

    Tuesday, November 11, 2008 во 12:07 am #
  3. GoodBytes напиша::

    Републички завод… значи државна институција, платена со наши пари. Нивните материјали кои се публикувани треба да се во јавен домен. Изгледа некоја теткица си играла со опциите на Ридер, или поверојатно Спасе од АОП се прави паметен, пак.

    Одговори

    Tuesday, November 11, 2008 во 3:14 am #