Се роди нова Google Група на интернетот и се надевам ќе се прошири многу брзо низ Македонија.
Брзи факти:
- Име – Нет култура
- Тема – Група каде луѓето од сите возрасти дискутираат за прашања поврзани со интeрнетот во Македонија.
- Членство – Задолжително… е добро де, доброволно е.
- Цел – Да се подигне развојот на интернет културата низ Македонија, и со тоа да се развие свеста и културата на интернет кај модерниот Македонец – нешто што во англискиот јазик се нарекува netiquette.
Тоа е тоа. Иако е свежо формирана а сепак имаме голема желба за напредок. Ќе заборавев да кажам кои се креирачи/менаџери, односно: Стојанче, Ирина и јас. Се надевам ќе се обидете да придонесете да ја направиме популарна во Македонија и да се исполни целта што ја зацртавме.
Коментар (1)
Браво за иницијативата, посебно ме радува поради тоа што доаѓа од тројца млади луѓе.
Јас само да искоментирам за неколку работи кои што се надевам ќе бидам сфатени како конструктивна критика. :)
допринес – придонес
Нет Култура – Нет култура
Поздрав :)
Одговори